|
|||||||||||||
Според нашата традиција, бербите редовно започнуваат многу покасно од останатите берби во регионот, со што добиваме повисок квалитет на грозјето за производство на вино. Иако реалните приноси во регионот се движат околу 25000 кг/ха за сортата вранец, нашите приноси никогаш не преминуваат повеќе од 10000 кг/ха. Во регионот кадешто се произведува грозјето не се користат инсектициди затоа што нема потреба од нив. Гроздови молци во тој регион практично и нема. Ниските приноси се намерно испровоцирани од нас и ни овозможуваат производство на вино со одличен баланс помеѓу шеќерите и киселините.Квалитетот на виното кео плени е причина за бројните пофалници и награди на винаријата. Винаријата флашира вино со етикети по желба на клиентите, врвно вино кое ги има добиено највисоките пофалби и награди.
|
|||||||||||||
|